Хет-трик на Тимо Вернер, „петарда“ од Лајпциг за Мајнц (ВИДЕО)

Лајпцит максимално ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Мајнц во 27. коло од Бундеслигата, триумфирајќи со убедливи 0-5.

Мечот го одбележа Тимо Вернер кој запиша хет-трик со погодоците во 11., 48. и 75. минута. Останатите два гола за Лајпциг ги постигнаа Полсен и Сабицер во првото полувреме.



Лајпциг, со овие три бода, дојде до 54, седум помалку од лидерот Баерн Минхен, и три помалку од второпласираната Борусија Дортмунд.

Се вчитува...