Хет – трик на Тричковски за АЕК Ларнака

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски постигна хет – трик за тимот на АЕК Ларнака во ремито (4-4) против Паралимни Енозис. АЕК Ларнака имаше негатива од 1-3, а во второто полувреме на сцена стапи Тричковски. Тој успеа да постигне погодок во 46.минута за намалување на 2-3, а потоа реализираше и два пенали, во 55. и во 65.минута, носејќи предност од 4-3.

Сепак, Енозис успеа да постигне и четврти гол, па АЕК Ларнака и покрај хет – трикот на Тричко не стигна до три бода на овој меч.

Се вчитува...