Хет-трик на Владан Новевски за триумф на Војводина

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Владан Новевски игра во извонредна форма во дресот на Војводина издвојувајќи се како нов лидер на младинскиот тим на црвено-белите од Нови Сад на стартот од новата сезона во Србија.

Војводина триумфираше со 1-4 на гостувањето против Бачка Топола, притоа со хет-трик на македонскиот репрезентативец. Новевски, согласно квалитетите и потенцијалот, во летниот период беше приклучен и на подготовките на сениорскиот состав на Војводина одигрувајќи и неколку пријателски натпревари за првиот тим на новосаѓани, по што веќе има и понуди од клубот за прв професионален договор.

17-годишниот Владан Новевски неодамна беше дел и од националниот тим до 18 години на турнирот во Чешка каде беше стрелец за Македонија во триумфот од 3-0 против Унгарија.

Се вчитува...