Хет-трик за Чурлинов во триумфот на Келн во Бундеслигата за јуниори

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чулинов е играч на натпреварот во триумфот на Келн против Оберхаузен во 3. коло од Бундеслигата за јуниор (до 19 години).

Келн славеше со 4-0 против Оберхаузен а македонскиот офанзивец запиша хет-трик постигнувајќи ги првите три гол за домаќинот, во 16., 37. и 55. минута од средбата.

Ова се први три погодоци за Чурлинов сезонава во најсилниот јуниорски германски шампионат – Запад. Келн, по првите три кола, со по три победи е на чело на табелата заедна со Борусија Дортмунд и со Бохум.

Се вчитува...