Хеведес наскоро нов директор на германската репрезентација

Поранешниот дефанзивец на германската селекција и долгогодишен член на Шалке 04, Бенедикт Хеведес ќе биде назначен за нов директор на германската фудбалска репрезентација, а наскоро се очекува и официјализација на неговата нова функција.

Според „Спорт Билд“, Хеведес ќе биде врската меѓу тимот и Германскиот фудбалски сојуз. Тој ќе мора најпрво да мине обука, пред да го замени сегашниот менаџер Оливер Бироф, чиј договор истекува во 2024 година.

За потсетување, во јули минатата година, на 32-годишна возраст, Хеведес објави крај на својата професионална фудбалска кариера.

Се вчитува...