Хеведес повторно се повреди

Дефанзивецот на Јувентус, Бенедикт Хеведес, одново го повреди бутниот мускул и нема да настапи против Спал во следното коло од Серија А. Поради повредата германскиот репрезентативец не настапи ниту на вчерашната средба против Аталанта, мечот во кој Јуве триумфираше со 2-0 и обезбеди предност од четири бода на табелата во однос на Наполи.

Хеведес во следниот период ќе работи на брзо опоравување, а репрезентативната пауза ќе ја искористи да ја врати својата физичка подготвеност за следните натпревари.

Добра вест за Алегри е што барем сите останати дефанзивци се здрави, Кјелини, Ругани, Барѕалји и Бенатија се подготвени за предизвиците во клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...