Хезоња брутално искрен: Се срамам, јас сум крив, поради мене не ја освоивме Евролигата

Панатинаикос по повеќе од една деценија пауза одново се израдува на трофејот во Евролигата. Во големото финале одиграно во Берлин грчкиот тим славеше со 80-95 против Реал Мадрид во натпревар во кој потполно го надигра „кралскиот“ тим, поготово во второто полувреме.

По натпреварот за медиумите говореше и Марио Хезоња, хрватскиот репрезентативец од редовите на Реал Мадрид кој самиот себе си се наведе како причина за поразот.

„Јас сум виновен. Не можев да погодам шут во двата натпревари. Јас го загубив натпреварот. Го загубив првенството за мојата екипа. Се изгледаше перфектно за Панатинаикос да освои. Им честитам. Не можевме ништо да погодиме цел турнир, поготово јас. Не знам што се случува. Криво ми е. Се срамам од сам себе си“, изјави Хезоња.

Се вчитува...