Хезоња замина кај хрватски тренер во Евролигата

Марио Хезоња ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако денеска потпиша договор со Уникс Казан. Хрватскиот репрезентативец беше без клуб откако реши да си замине од Панатинаикос, во меѓувреме доби неколку интересни понуди, за денеска и официјално да потпише со новиот евролигаш. Еден од клучните фактори во преговорите беше тренерот Перасовиќ, кој минатиот месец пристигна во Уникс и сега успеа да го убеди својот сонародник да му се придружи во далечна Русија.

Хезоња минатата сезона стави крај на својата авантура во НБА-лигата, каде настапуваше за Портланд, Орландо и за Њујорк, се пресели во Панатинаикос, каде имаше просек од 14,4 поени и 2,5 скокови по натпревар.

Хрватот е најновото во низата засилувања на Уникс, откако овој клуб потпиша договори и со Јекири, Лоренцо Браун, Вил Томас, Валиев, Комолов, Зајцев и Воронцевич. Во однос на ланскиот тим задржани се Џон Браун, Ајзеа Кенан, Дмитри Узински и Артем Клименко.

Се вчитува...