Хезонја: Немам договор со Реал Мадрид

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезонја на крајот на сезоната би можел да ги промени клупските бои и дресот на Реал Мадрид да го замени со некој друг европски гигант.

За Хезонја кој се поврзува со Панатинаикос и Партизан неодмана беше објавена информација дека постигнал договор со Реал Мадрид за продолжување на соработката, но оваа гласина ја одби самиот тој во разговор за шпанските медиуми.

„Информацијата дека сме постигнале договор е лага. Разговараме за продолжување на соработката, но сега не е момент за говориме за тоа“, изјави Хезонја по првиот финален натпревар во шпанското првенство во кој Реал Мадрид поведе со 1-0.

Се вчитува...