Химки понижен во Мадрид, Алба пресилна за Црвена Звезда

Реал Мадрид одигра извонреден натпревар пред своите гледачи против Химки, декласирајќи го актуелниот лидер на ВТБ-лигата со убедливи 104-76. „Кралевите“ беа незапирливи во првото полувреме, во кое за 20 минути игра постигнаа 65 поени (65-42), предност што дополнително ја зголемија во преостанатиот дел од мечот. Рендолф со 19 и Таварес со 15 поени беа најефикасни во таборот на шпанскиот гигант.

Црвена Звезда претрпе уште еден евролигашки пораз, овојпат на гостувањето во Берлин од Алба со резултат 93-80. Германскиот вицепрвак го контролираше мечот во текот на сите 40 минути и заслужено триумфираше, најефикасен кај Алба беше Гидраитис со 22 поени, а кај гостите од Србија Оџо со 12 поени.

Баерн Минхен се врати од двоцифрена негатива и го совлада Олимпијакос со 85-82, предводен од Ло со 19 и Бартел со 18 поени.

Милано продолжува со одлични игри во елитното европско натпреварување откако вечерва славеше над Макаби со 92-88. Италијанскиот гигант одигра беспрекорно во нападот, а најефикасни во тимот на Еторе Месина беа Скола со 20 поени и Родригез со 18 поени и 11 асистенции.

Се вчитува...