Хиндс спречи сензација во Битола

МЗТ Скопје по огромна битка успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Пелистер, триумфирајќи со 84-89 во меч што беше решен буквално во последните секунди. Американецот Хиндс беше човек на одлука, погодувајќи тројка на девет секунди до крајот, за водство од 84-87.

Актуелниот првак беше подобар ривал во првата четвртина, но Пелистер изненади со беспрекорно издание во вториот период, во кој битолчани постигнаа дури 31 поен (31-21), на одмор заминувајќи со предност од 49-42. МЗТ набрзина израмни, а потоа и воспостави контрола над резултатот, а во 35. минута резултатот гласеше 69-79. Пелистер сепак успеа да се врати, со четирите слободни фрлања на Казарновски во последната четвртина израмни на 84-84, но Хиндс го реализираше клучниот напад за МЗТ, пред Маслинко да стави печат на победата со поени во последните секунди.

Џабари Хиндс одигра извонреден натпревар реализирајќи 34 поени, 4 асистенции и исто толку украдени топки. Симоновски постигна 16, а Маслинко и Морнар по 11 поени за актуелниот првак, додека најефикасни кај „пелистерци“ беа Враниќ со 20 и Зекири со 16 постигнати поени.

Се вчитува...