Хиршнер со јубилејната победа во Загреб се изедначи со Томба

Марсел Хиршнер победи во слалом на трката од Светскиот куп во Загреб и ја запиша јубилејната 50.победа во кариерата со која се изедначи со легендарниот Алберто Томба. Заедно со Томба тој сега е на третото место на вечната листа во Светскиот скијачки куп. Пред нив според вкупниот број на победи се само Швеѓанецот Ингемар Стенмарк (86) и  Австриецот Херман Маер (54).

Иако настапи со болки во вратот, Хиршнер извозе две извонредни трки и стигна до својата четврта круна во Загреб.

Второто место на трката на Слјеме му припадна на Австриецот Михаел Мат кој по водството во првата трка, во второто возење закасни пет стотинки зад победникот. На третото место заврши Норвежанецот Хенрик Кристоферс со заостанување од 11 стотинки.

„Зборуваме за стотинки, тоа е многу мала разлика така што среќата во оваа трка беше најважниот фактор. Минатата година губев за тие стотинки и тогаш ми велеа дека тие ќе бидат на моја страна следната година. Тогаш не знаев за што зборуваат, но сега гледам дека е така“ – изјави Хиршнер по јубилејниот триумф.

Се вчитува...