Хисај заработил повреда на градната коска, следува долга рехабилитација

Десниот бек на Наполи, Елсед Хисај, доживеа страотна повреда на натпреварот против Торино, а по деталните прегледи востановено е дека заработил скршеница на градната коска. Хисај незгодно падна во 34. минута од мечот, по што веднаш се виде дека се работи за сериозна повреда.

Од Наполи потврдија дека фудбалерот сега се чувствува одлично, бидејќи цела ситуација на прв поглед изгледаше многу трауматично. Сега на фудбалерот му претстои долго опоравување, но сепак се очекува да му се врати на фудбалот.

 

Се вчитува...