ХИТ НА ДЕНОТ – Корејски новинар и навивачка на Мексико (ВИДЕО)

Светското првенство носи многу повеќе од фудбал, а една интересна сцена на првиот ден од Светското првенство го привлече вниманието на навивачите ширум светот.

Додека известуваше во живо од Мексико, корејскиот новинар се најде во центарот на вниманието поради еден необичен момент кој брзо стана вирален на социјалните мрежи, откако една весела мексиканска навивачка му пријде и одеднаш го бакна во образ.

Изненадениот новинар не ја криеше својата насмевка, а неговата реакција предизвика бројни позитивни коментари кај корисниците на социјалните мрежи.

Се вчитува...