Јужна Кореја триумфираше на Азиските игри, Хјонг – Мин Сон се спаси од војска

Напаѓачот на Тотенхем, Хјонг – Мин Сон, ќе избегне одење во војска бидејки со репрезентацијата на Јужна Кореја триумфираше со 2-1 над Јапонија во финалето на фудбалскиот турнир на Азиските игри.

Само златен медал на континенталниот собир или пак подиум на Олимписки игри им овозможува на Корејците да се извлечат од двегодишниот воен рок.

Целиот тим на Јужна Кореја ќе биде изземен од обврската која инаку ја имаат сите во државата. Јужна Кореја и пред четири години го освои трофејот на Азиските игри, но тогаш Сон не беше во тимот.

Тој сега мирно ќе се врати во Тотенхем, клубот кој го купи за 22 милиони фунти, а со кој во јули потпиша продолжување на соработката  на уште пет години.

 

 

Се вчитува...