Хјустон го возврати ударот, Леброн не можеше сам

Хјустон рокетс не дозволи елиминација во плејофот од ЛА Лејкерс откако „ракетите“ рано утрово славеа на гостувањето во Лос Анџелес со 93-98, намалувајќи на 3-2 во оваа плејоф серија. „Езерџиите“ делуваа сигурно на патот кон полуфиналето на Западната конференција, но Хјустон покажува карактер, особено со оваа гостинска победа најавувајќи дека е подготвен за борба и обид за чудесен камбек.

Лука Дончиќ се уште е „во аут“, Леброн Џејмс повторно беше најефикасен со 25 поени, а на лејкерси не им помогна ниту враќањето на Ривс, чии 22 поени беа недоволни да се осигура пласманот во следната рунда од плејофот. Кај победничкиот тим најефикасни беа Смит со 22 и Исон со 18 поени.

Детроит славеше на домашен терен против Орландо со 116-109, намалувајќи на 2-3 во оваа серија во која првиот носител на Источната конференција се наоѓа пред елиминација. Канингем имаше свое шоу со 45 поени, исто толку поени кај Орландо псотигна Банкеро, но Детроит беше тимот што се радуваше на победата.

Предност од 3-2 има и составот на Кливленд, кој по двата порази рано утрово славеше над Торонто репторс со 125-120. Пресудна се покажа последната чевртина во која Кливленд ги запре противниците на само 17 поени (25-17), го сврте резултатот во своја полза и стигна до победата.

Харден и Мобли беа предводници на победничкиот тим со по 23 поени, додека прв стрелец на Торонто беше Берет со дабл-дабл од 25 поеени и 12 скокови.

Се вчитува...