Хјустон и Кармело Ентони официјално раскинаа

Кармело Ентони не е повеќе дел од тимот на Хјустон. Разделбата се случи само после десет одиграни натпревари во кои Ентони имаше катастрофално издание во одбраната, а поради возраста, веќе не можеше да држи ефикасност и континуитет ни во нападот.

Хјустон има лош старт на сезоната и разделбата со Ентони делумно доаѓа и како резултат на тоа.

После многу интерни разговори Хјустон се разделува со Кармело Ентони и работиме на барање на друго решение за неговата позиција. Кармело имаше добар пристап додека беше овде, ја прифаќаше секоја улога што ќе му ја дадеше тренерот Мајк Д’Антони. Но, вклопувањето што го замислувавме кога доаѓаше, не се случи и сметаме дека секое друго решение освен ова би било неправедно кон Кармело“ – изјави генералниот менаџер на Хјустон, Дерил Мори.

Кармело Ентони во Хјустон дојде како слободен агент и после 15 декември ќе може да бара нов тим.

Тој со Хјустон имаше потпишан ветерански договор од минимум од 2,4 милиони долари по сезона, по едена сезона помината во Оклахома.

Се вчитува...