Хјустон и Клиперс се на победнички погон (ВИДЕО)

Хјустон повотрно е на третата позиција во Западната конференција од НБА лигата благодарение на победата од 117-102 над Минесота, но и на нестандардната форма на конкурентите, особено Оклахома.

Третата четвртина од дуелот со Минесота беше пресудна за триумфот. Тој сегмент, Хјустон го доби со 43-29 и потоа само рутински одработе за успехот. Џејмс Харден застана на „само“ 20 поени, па Крис Пол беше прв стрлец со 25 поени. Кај Минесота, Карл Ентони Таунс беше нејефикасен со 22 поени.

Хјустон сега им биланс од 44/26 и им бега на Портланд и на Оклахома по две победи, а има и помалку порази. Минесота е далеку од позициите кои водат во разигрувањето.

Лу Вилијамс со звукот на сирената ја обезбеди победата на Лос Анџелес Клперс над Бруклин од 119-116 во напреварот кој мина со неколку промени на водствата на двата состава и поентерски серии кои двете екипи ги водеа до опиплива предност. Финишот беше неизвесен, а пресуди прецизниот удар на Вилијамс. Тој беше и прв стрелец во неговиот тим со 25 поени, Дианџело Расел кај Бруклин постигна 32 поени.

41/30 е моменталниот биланс на „Клиперс“ кои речиси сигурно се во плеј-офот. На осмото место се на Запад, а најблизок конкурент им е Сакраменто кој заостанува дури седум победи. Бруклин е на седмата позиција во Источната конференција со биланс 36/36.

 

Се вчитува...