Хјустон Рокетс најдоа замена за Мајк Дантони?

Поранешниот кошаркар кој сега работи како помошник на Док Риверс во ЛА Клиперс, Сем Кесел е прв фаворит за преземање на тренерската позиција во Хјустон Рокетс. „Ракетите“ по елиминацијата од ЛА Лејкерс во полуфиналето на Западот одлучија да ја прекинат соработката со Мајк Дантони и тргнаа во офанзива по нов тренер.

Американските медиуми пренесуваат дека има заеднички интерес и од двете страни и по завршувањето на плеј-офот ќе има состанок на кој ќе ги договорат личните услови.

Кесел во ЛА Клиперс позицијата помошен тренер ја извршува од 2014 година, а претходно работеше и во Вашингтон Визардс.

Се вчитува...