Хоакин ја ’стресе’ Севилја

Бетис успеа да ја добие градската пресметка против Севилја со 1-0, остварувајќи ја првата победа во новата сезона од Ла Лига. Стрелец на победничкиот гол беше капитенот Хоакин во 80.минута од натпреварот.

Тој најдобро се снајде во шеснаесетникот по нафрлувањето од десната страна и со удар со глава ја затеесе мрежата на Севилја. Гостите од 66.минута играа со еден фудбалер помалку поради исклучувањето на Роке Меса.

Се вчитува...