Хоџсон две години на клупата на Кристал палас

Поранешниот англиски селектор Рој Хоџсон ќе го предводи тимот на Кристал палас во продолжението од оваа сезона, откако лондонскиот клуб го избрал токму англискиот стратег за наследник на Франк де Бур, кој доби отказ во текот на вчерашниот ден. Ова го потврди самиот Хоџсон, обелоденувајќи дека е на прагот на потпишување на двогодишен договор со Палас.

Се надевам дека се ќе биде потпишано во најскоро време. Договорот е на две години и ми дава шанса да се вратам во Премиер-лигата, и не само тоа туку и во клубот што многу го сакам“ – изјави Хоџсон за британските медиуми.

Искусниот стручњак ќе има тешка задача да обезбеди опстанок, откако Палас по првите четири кола остана на нула бодови, но и без ниту еден постигнат погодок. Тој ќе дебитира на клупата на лондонскиот клуб на домашниот натпревар со Саутемптон, по што во наредното коло ќе следи гостување на фаворитот Манчестер сити.

Се вчитува...