Хофенхајм без „главното оружје“ против Борусија Дортмунд

Хофенхајм сезонава го зеде скалпот на Баерн Минхен, овој тим ќе се обиде утре да го повтори успехот и против Борусија Дортмунд, но задачата ќе биде значително отежната поради неиграњето на Андреј Крамариќ. Хрватскиот репрезентативец по враќањето во Германија беше тестиран на коронавирус, а по позитивните резултати Крамариќ ќе мора да ги мине следните десет дена во самоизолација.

„Тестирањата покажаа дека Андреј Крамариќ е еден од тројцата позитивни фудбалери на коронавирус, заедно со Павел Кадерабек од Чешка и Касим Адамс од Гана. Тројцата фудбалери веќе се ставени во самоизолација“, потврди Хофенхајм на официјалната веб-страница.

Крамариќ беше клучен играч на јунскиот дуел меѓу Борусија и Хофенхајм, на кој Хрватот постигна четири погодоци во триумфот на гостите од 0-4.

Се вчитува...