Хофенхајм не го пушта Крамариќ во Баерн Минхен

Германскиот бундеслигаш Хофенхајм нема намера да му дозволи на Андреј Крамариќ да се пресели во Баерн Минхен доколку баварскиот клуб не плати отштета од 40 милиони евра. По одличниот настап токму против актуелниот првак и двата гола што Крамариќ ги постигна во меѓусебниот дуел, а Хофенхајм му нанесе прв пораз на Баерн по 23 меча, пристигна понуда за тој да се пресели на „Алијанц арена“.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ сака да го доведе на едногодишна позајмица и тој да биде поддршка за првиот напаѓач Роберт Левандовски, но, сепак, Баерн Минхен во моментот не е подготвен да ја плати сумата за целосен трансфер на Крамариќ од 40 милиони евра.

Хрватот има договор со Хофенхајм до 2022 година.

Се вчитува...