Хокеар во НХЛ лигата доживеа срцев удар

Одличниот хокеар на Питсбург Пингвинс, Крис Летанж доживеа срцев удар, соопштија од НХЛ тимот.

Канаѓанецот бил пренесен во болница откако на клупските лекари им кажал какви симптоми чувствува.

„Многу добро го познавам моето тело и знам дека не е ништо сериозно. Ќе направам дополнителни тестови и верувам дека брзо ќе се вратам на мразот“, изјави Летанж.

Ова не е првпат да се соочува со вакви проблеми. Во текот на 2014 година веќе имал срцев удар. Утврдено е дека од раѓање имал мала дупка на ѕидот на срцевиот мускул. Сезонава постигна гол и имаше 11 асистенции на 21 натпревар, а во својот тим просечно најмногу време на мразот.

Се вчитува...