Холандија го отпушти селекторот Олсон

Штафан Олсон повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Холандија откако челниците на федерацијата решија да ја прекинат соработката со шведската ракометна легенда.

Причината е јасна – неуспехот на „лалињата“ во баражот за пласман на СП 2027, поради што раководството на федерацијата реши да му врачи отказ на Швеѓанецот кој беше на чело на холандскиот национален тим од септември 2022 година.

„По конструктивната дискусија, донесен беше заклучок дека е вистински момент да се прекине соработката со Штафан Олсон. Благодарни сме му на посветеноста и на работата во изминатите години, тој со своето знаење, искуство и визија даде значаен придонес за развојот на машкиот ракомет во Холандија. Сепак, двете страни беа согласни дека по недостигот на напредок во последните години, ова е вистински момент да се прекине соработката“, истакна Јап Валс, генералниот директор во Холандската ракометна федерација.

Се вчитува...