Холандија и без Грот ја реши романската енигма

Холандија во извонреден натпревар славеше над Романија со 29-24, нанесувајќи им го на противничките првиот пораз на европскиот шампионат што се одржува во Франција. Победата е уште поголема ако се знае дека „лалињата“ на самиот почеток од мечот останаа без помошта на капитенот Нике Грот, но и во нејзино отуство го совладаа големиот противник. Пресуден беше стартот на вториот дел, кога по водството од 11-10 на полувреме холандските ракометарки влегоа во серија, ја кренаа разликата над пет гола и не им дозволија на Романките да се вратат во мечот.

Репрезентацијата на Србија немаше сили за изненадување против Русија, губејќи со 29-25 во меч во кој „зборнаја“ целосно го контролираше темпото и не дозволи изненадување. Победата широко ги отвори вратите на рускиот состав за пласман во полуфиналето, a најефиасни во победничкиот состав беа Дмитриева со шест и Вихирева со шест погодоци.

Се вчитува...