Холандија ја совлада Кореја во меч со 79 гола

Холандија и Кореја одиграа неверојатен натпревар во второто коло од женскиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Токио, во кој Холанѓанките славеа со 43-36. Триесет и четири гола во првото полувреме и четириесет и пет во вториот дел беа доволни за вкупно 79 гола.

Холанѓанките во текот на сите 60 минути го контролираа резултатот и на крајот дојдоа до втората победа на турнирот откако во првото коло славеа и над домаќинот Јапонија. Лои Абинг со 11 гола беше прво име кај Холандија, додека истиот број на голови кај Кореја го постигна Риу Ен-Хе.

Се вчитува...