Холандија пред елиминација, пораз и од Хрватска

Хрватска е хит на женското ракометно европско првенство. По стартната победа над Унгарија, на четата на Хрватките налета и светскиот шампион Холандија од кого беа подобри со 27-25. Холанѓанките се наоѓаат во големи проблеми бидејќи ако во последното коло загубат од Унгарија тие изненадувачки ќе мора да го напуштат шампионатот уште по првата фаза. Лариса Калаус со 9 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Холанѓанките по пет постигнаа Абинг и Далфер.

Франција стигна и до втората победа на шампионатот откако ја прегази Словенија со 27-17. Актуелниот шампион уште од самиот старт покажа кој е кој и во ниту еден момент не му дозволи на противникот дека има шанси да се врати во мечот.

Се вчитува...