Холандска доминација на трката на 1500 метри во брзо лизгање

Легендарната Ирене Вурст стигна до нов златен медал во брзо лизгање на Зимските олимписки игри. Холанѓанката денеска беше најбрза на трката на 1500 метри поставувајќи време 1:53.28 што беше доволно за нов олимписки рекорд.

Второто место и припадна на светската рекордерка Михо Такаги која на крајот потклекна под притисокот иако пред стартот на трката беше прва фаворитка. Бронзениот медал и припадна на втората Холанѓанка Антоанет де Јонг.

За Вурст ова е шести златен медал на зимските олимписки игри, а првиот го освои веќе далечната 2006 година.

Се вчитува...