Холандската фудбалска федерација бара заминување на Инфантино и реформа на ФИФА

Холандскиот фудбалски сојуз отворено побара Џани Инфантино да ја напушти функцијата претседател на ФИФА од 2027 година, но истовремено смета дека само промена на првиот човек нема да биде доволна за решавање на проблемите во светската фудбалска организација.

Федерацијата на Холандија, која е една од основачите на ФИФА од 1904 година, соопшти дека ја изгубил довербата во Инфантино и предложи организирање на меѓународен самит во Амстердам, на кој би се разговарало за иднината и целосната реформа на ФИФА.

„Холандската федерација повеќе нема доверба во раководството на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Сметаме дека на ФИФА ѝ е потребно ново раководство од 2027 година“, порача холандскиот сојуз.

Холанѓаните, сепак, нагласуваат дека нов претседател сам по себе нема да биде доволен.

„Мора да се промени и начинот на кој се управува со ФИФА“, додаваат од Федерацијата.

Една од главните забелешки е преголемата концентрација на моќ околу претседателот на ФИФА и недоволно јасната поделба меѓу претседателската функција и администрацијата на организацијата.

Се вчитува...