Холандската лига нема да продолжи, Ајакс шампион?

Сите спортски настани во Холандија се суспендирани најмалку до 1. јуни, а таквиот развој на ситуацијата води кон заклучок дека фудбалскиот шампионат нема да се заврши. Пријателскиот натпревар меѓу Холандија и Грција кој беше закажан за 28. мај исто така ќе биде откажен.

Фудбалската федерација на Холандија бара минимум 15 дена тренажен процес за клубовите пред продолжување на шампионатот што уште толку ја компликува работата.

Во моментов Ајакс е на првата позиција на табелата и како првак директно би одел во Лигата на шампионите, иако има ист број на бодови со второпласираниот АЗ Алкмар кој ќе мора да се задоволи само со квалификации во елитното натпреварување.

Се вчитува...