Белградски Партизан беше на чекор од голема победа на гостувањето против АЗ Алкмар со која ќе ги задржеше шансите за европска пролет во УЕФА Лигата на Европа, но дозволи со два гола во 88. и во 92. минута Холанѓаните од 0-2 да дојдат до 2-2.
А, во центарот на вниманието, сепак, денеска се најверните навивачи на Партизан, „Гробарите“ кои непосредно пред натпреварот се одлучија да одат пред познатиот хашки затвор во Ден Хаг во кој во моментов е осудениот поранешен српски полковник, Ратко Младиќ. „Гробарите“ се одлучија да одат пред затворот во Шевенинген и да дадат поддршка за него.
Иако се минало без инциденти, од холандската полиција мораа да интервенираат пред „Гробарите“ за да не дозволат приближување и непосредно до затворскиот простор во Шевенинген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА