Холанѓаните пренесуваат – Готово е Де Лихт е нов фудбалер на Јувентус

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот Матајс де Лихт се договорил со шампионот на Италија Јувентус, пренесуваат холандските медиуми.

Холандските медиуми пренесуваат дека денеска бил постигнат договор меѓу Ајакс и Јувентус, а Де Лихт за сума од 70 милиони евра ќе се пресели во Торино.

Младиот Холанѓанец минатата сезона ја освои двојната круна со Ајакс во домашното првенство, а играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите каде несреќно беше елиминиран од Ајакс. Исто така Де Лихт е единствениот одбранбен фудбалер кој се закитил со наградата „Златно момче“.

Се вчитува...