Холифилд ја откри тајната како до победа против Тајсон

Ивандер Холифилд изјави дека ја знае тајната на успехот како и трет пат во кариерата би го победил Мајк Тајсон доколку дојде до нова борба меѓу двајцата поранешни шампиони во тешка категорија. Холифилд му ја одзема титулата на Тајсон во 1996 година, а следната година успеа истата да ја одбрани во веројатно една од најпознатите борби во историјата на боксот, во која Тајсон го одгриза увото на Холифилд. Ивандер вели дека знае како да го победи Тајсон и по трет пат.

„Отсекогаш сум сакал да излезам и да се борам со Мајк. Многу боксери се плашеа и бегаа од него во рингот. Јас бев подготвен и иако многумина мислеа дека ќе го сторам истото, не, јас му се спротиставив и затоа го победив. Тоа е тајната на мојот успех против него“, изјави Холифилд. 

И двајцата боксери споделуваат видеа во кои се гледа дека се враќаат во форма по долгата пауза, па веќе на големо почна да се зборува дека е можно да се закаже борба меѓу двајцата боксери по пауза од 23 години од нивниот последен дуел.

Се вчитува...