Холштен Кил прв пат во историјата ќе игра во Бундес-лигата

Кил со години наназад важи за ракометен град во Германија, но фановите од следната сезона ќе уживаат и во елитен фудбал откако Холштен Кил успеа да обезбеди промоција во првата Бундес-лига.

Ремито на вечерашното дерби со Фортуна Дизелдорф значеше и математичко осигурување на едно од првите две места на табелата, со што Холштен Кил за првпат во клупската историја обезбеди влез во елитното германско фудбалско друштво.

Со тоа, Кил станува 58. различен тим што ќе заигра во Првата лига по нејзиното професионално формирање од сезоната 1963/64.

Голем фаворит за второто место кое значи промоција е тимот на Сент Паули, кому му е доволен еден бод на утрешниот домашен дуел со веќе испаднатиот Оснабрик за оваа екипа од Хамбург да биде недостижна за Фортуна Дизелдорф во трката за влез во елитата.

Се вчитува...