Хонда си замина од Милан, следна дестинација – Мексико

Кеисуке Хонда, кој своевремено важеше за најдобар азиски фудбалер, својата кариера ќе ја продолжи во далечното Мексико. Одличниот плејмејкер остана без клуб откако Милан реши воопшто да не му понуди нов договор. Иако имаше неколку понуди да се врати во татковината, Хонда сепак реши да се пресели во екипата на Пачука, тим кој е актуелен првак на Северна Америка и ќе учествува на претстојниот клупски мундијал.

Потпишав со Пачука. Се надевам дека наскоро ќе се сретнам со навивачите“ – порача Хонда преку својот твитер-профил.

Јапонскиот ас доаѓа во Пачука на местото на мексиканскиот репрезентативец Хирвинг Лозано, кој се пресели во редовите на ПСВ Ајндховен.

Се вчитува...