Хоп: Сега е време на солидарност, посилните мора да им помогнат на послабите

Сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп, се надева дека клубовите во Бундес-лигата поради финансиските проблеми предизвикани од Covid-19 ќе покажат солидарност.

„Безброј мали и средни претпријатија во земјата ќе се соочат со енормни ограничувања и проблеми. Тоа важи исто и за фудбалот, дојде време на солидарност. Посилните треба да им помогнат на послабите“, изјави Хоп.

Се вчитува...