„Хор“ од свирежи за данските судии пред натпреварот

Данските судии Мартин Гјединг и Мадс Хансен ниту еднаш не свирнаа на теренот во „Јане Сандански“, а веќе беа „наградени“ со гласни свирежи од фановите на Вардар при нивното влегување на теренот, на триесетина минути пред официјалниот почеток на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак во изминатата седмица неколку пати јавно го критикуваше токму делегирањето на данските арбитри за делители на правдата на овој реванш, па јасно е дека секоја нивна одлука ќе биде „на нож“ дочекувана од страна на домашните фанови.

Вардар се жалеше на абритражата на Данците уште по ланскиот меч во Скопје против Барселона, посочувајќи ги токму Гјединг и Хансен за главни виновници за поразот од каталонскиот гигант, па останува да се види како данските арбитри ќе ја делат правдата на вечерашниот реванш дуел.

Се вчитува...