Хорнер: Алонсо не доаѓа во Ред бул, каде и да оди создава хаос…

Најавеното заминување на Рикиардо од тимот на Ред бул придонесе веднаш да се појават шпекулации околу замената на Австралиецот. Се споменуваат најразлични имиња, но едно е сигурно, тоа нема да биде Фернандо Алонсо откако тимскиот шеф Кристијан Хорнер јасно стави до знаење дека нема намера да го ангажира шпанскиот ветеран.

„Имам голема почит за Фернандо, кој е фантастичен возач, но не верувам дека ќе го видиме во Ред бул. Историјата покажува дека каде и да замине, тој создава еден вид на хаос околу себе и не веруваме дека би бил здрава опција за нашиот тим“ – изјави Хорнер.

Ред бул во минатото во неколку наврати се обидуваше да го доведе Алонсо, но Шпанецот редовно ги одбиваше понудите. Најблизу до меѓусебен договор двете страни беа во 2009 година, кога Алонсо на крајот сепак го откачи Ред бул за да потпише договор со Ферари.

Се вчитува...