Хорнер: Би сакал да се врати неверојатниот Хамилтон

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека би сакал Луис Хамилтон и следната сезона да биде дел од Формула 1 шампионатот во болидот на Мерцедес. Во последно време многу се говори за тоа дека седумкратниот шампион може да ја заврши кариерата по случувањата во Абу Даби каде во последната трка ја изгуби титулата.

„Се надевам дека Луис ќе биде дел од Формула 1 и понатаму ќе вози на неверојатно ниво. Макс и тој беа посебна лига за себе и сите уживаа во нивниот двобој. Би сакал да се врати неверојатниот Хамилтон во шампионатот“, изјави Хорнер. 

Новата сезона во „најбрзиот циркус“ на светот почнува на 20. март со трката за Големата награда на Бахраин.

Се вчитува...