Хорнер: Чеко Перез не е втор возач во Ред Бул

Ред Бул полека, но сигурно влегува во форма и по трката во Шпанија успеа да го преземе лидерското место и во конкуренција на возачи (Макс Ферстапен) и во конкуренција на конструктори.

Ферстапен победи откако беше пропуштен од својот тимски колега Серхио Перез, кој не беше најзадоволен поради оваа одлука. Тој по трката изјави дека не е задоволен и дека ќе разговара со првите луѓе на тимот. Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер даде изјава во која вели дека Перез не е втор возач во тимот.

„Чеко не е втор возач во нашиот тим. Не е лесно да се биде клупски колега на Макс Ферстапен, но Перез има доволно искуство да се справи со тоа. Има одличен болид, иста опрема и иста шанса како Макс, но од друга страна е реален во своите очекувања. Тој е вистински тимски играч и неговиот придонес за минатогодишната титула на Макс беше неизмерен“, истакна Хорнер.

Се вчитува...