„Хорор“ сцени: Ужасен судар на автомобилистичка трка, возачката „катапултирана“… (ВИДЕО)

Возачката Валентина Томасело успеа некако по еден ужасен судар на автомобилистичка трка да се извлече само со полесни повреди, иако беше „катапултирана“ од својот автомобил завршувајќи на покривот на друг пред да падне на земја.

Оваа страшна несреќа се случи на „Тојото Грандпри“ на патеката во Санто Доминго во Доминиканската република. Но, за среќа, Томасело, по еден таков судар заврши само со скршеница на раката.

„Добро сум благодарение на Бога. Повторно се роди. Не сум во опасност, благодарам на сите загрижени“ – испрати Валентина Томасело веднаш порака до јавноста по лекарската интервенција…

Се вчитува...