„Хорор“ услови за игра на македонските терени: Вардар брка важни бодови буквално на нива! (ФОТО)

Никаква тајна не се очајните услови на фудбалските терени на поголемиот дел од македонските стадиони во Првата лига.

Струга ТЛ и Шкупи вчера во Струга демонстрираа и повеќе од задоволувачки фудбал на теренот кој им беше „овозможен“ на фудбалерите, а денеска Вардар, пак, ќе игра буквално на нива во битката за важни бодови против Брегалница во 20. коло од ПМФЛ на дуелот кој почнува на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари од 14 часот.

Факт е дека, терените на поголемиот дел од македонските стадиони не ги задоволовуваат ниту минималните критериуми за натпреварување, па тогаш зошто и би изненадувал квалитетот на демонстрираниот фудбал. За условите, пак, на трибините за навивачите, медиумите, службените лица…, од поодамна веќе не се ниту разговара. За нив нема буквално никакви услови од дамнина… И никој повеќе не се ни надева дека ќе ги има. За жал.

Се вчитува...