Хрговиќ горд Хрват: Англичаните знаат како се губи од Хрватска, во фудбал, сега и во бокс

Филип Хрговиќ имаше свое шоу во рингот кое потоа продолжи и на прес-конференцијата по победта со Итаума, потсетувајќи ја британската јавност дека ги губи клучните спортски битки со Хрватите.

„Тоа е тој хрватски карактер. Англичаните знаат како се губи од Хрватска, во фудбал на СП, сега и во бокс. Јас нанижав четири Британци, Џојс, Аделеје, Ален и сега Итаума. Што е следно? Дајде ми го Дубоа… Ние сме мала земја, многумина не потценууваат, ноо гладни сме за успех. Знаеме да се бориме, да преживееме кога ќе не потпишат. Само видете го хрватскиот спорт, колку ѕвезди имаме во толку многу различни спортови“, горд беше Хрговиќ на прес-конференцијата.

Потоа, тој се осврна и на борбата во која Итаума целосно доминираше осум рунди, но сепак Хрговиќ беше тој што се радуваше на крајот.

„Очекував дека ќе биде полесно, но Итаума беше толку добар, толку брз, никогаш не сум се нашол во рингот со таков ривал. Од друга страна, се виде и дека е неискусен, од првата рунда забележав дека премногу ги исфрла ударите и тешко дише, се бори како аматер бидејќи верува дека може да победи во раната фаза од борбата. Знаев дека ќе се измори, кога првиот пат забележав дека ми се укажа шанса тргнав на се или ништо. Бог ми даде сила во тие моменти бидејќи бев толку изморен“, прокоментира новиот светски првак Филип Хрговиќ.

Се вчитува...