Довчерашниот напаѓач на велешки Борец, Симеон Христов својата кариера ја продолжува во албанскиот прволигаш Влазнија од Скадар кој е предводен од поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз.
По разделбата со Борец, 27-годишниот Христов се одлучи да ја прифати понудата ов Влазнија, во чии редови настапуваат и дефанзивците Мевљан Адили, Филип Глигоров и Александар Ристевски.
Христов досега во својата кариера има настапи за унгарските Егри и Вашаш, како и за Вардар, Тетекс, Пелистер и Брегалница на домашната фудбалска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА