Хрватите можат да здивнат – Далиќ останува селектор!

Веќе не постојат никакви дилеми, Златко Далиќ ќе продолжи да ја води репрезентацијата на Хрватска и во следните две години по историскиот успех и освоеното второ место на СП во Русија. Скромниот стратег шокираше многумина со изјавите дека е разочаран од заткулисните игри поради кои сака да си замине, но притисокот на јавноста за негово останување беше преголем, па Далиќ денеска и официјално објави дека ќе продолжи да го води националниот тим.

„За мене беше важно отворено да разговарам со претседателот Давор Шукер за сите теми. Му благодарам за разбирањето на она што јас не го сметав за коректно, верувам дека ги решивме сите проблеми и сега заедно се насочуваме кон следните предизвици“ – изјави Далиќ.

Задоволството од продолжувањето на соработката не го криеше ниту Шукер.

Беше убаво да се потсетиме со Златко на сите прекрасни моменти од СП, а сребрениот медал е доказ дека сите кои беа вклучени во таа приказна завршија фантастична работа. Мило ми е што отворено дискутиравме за она што може уште повеќе да се подобри во иднина, како и што заедно одиме кон нови победи“ – порача Давор Шукер.

 

Се вчитува...