Хрватите не знаат што ги снајде…Чупиќ: Бевме смешни, короната не смее да ни биде алиби…

Хрватската ракометна јавност е во шок по очајното издание на „коцкестите“ и убедливиот пораз од 26-32 на првиот дуел од главната фаза против Црна Гора.

Овој пораз значи дека Хрватска ги загуби сите шанси за пласман во следната рунда, а разочарувањето меѓу ракометарите е огромно.

„Бевме смешни, немам проблем да го кажам тоа. Црногорците играа одлично, особено нивниот голман. Сето тоа што ни се случуваше со коронавирусот сега е неважно, не треба да се бара алиби. Не бевме доволно добри и затоа го загубивме мечот. Освен првите десетина минути, Црногорците ја одржуваа предноста од пет-шест гола. Ова беше еден од оние денови кога ништо не функционира. Не бевме вистински ниту во нападот, ниту во одбраната, многу разговаравме со судиите, јас прв“, истакна Иван Чупиќ.

Се вчитува...