Хрватите против своите, Карачиќ и Чупиќ мотивирани за нов успех против Загреб

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Хрватскиот репрезентативец и еден од синонимите за Вардар, Игор Карачиќ, во финалето на СЕХА лигата ќе има нов дуел со екипата од неговата земја. Тоа што Вардар и во вкупниот биланс, а особено сезонава е поуспешен од Загреб, според Карачиќ е показател, но не е и одредница за победникот во финалето.

„Против Загреб игравме еднаш во Хрватска, еднаш во Скопје, покажавме дека сме подобри. Сега да видиме на неутрален терен. Загреб има силна екипа. Им требаше време да се приспособат со новиот тренер. Играа сосема поинаква тактика. Ќе бидат многу опасни, ние ќе треба да дадеме 200 проценти за да победиме“ – вели хрватскиот репрезентативец.

Дека нема да биде лесно се согласува и екс хрватскиот репрезентативец, Иван Чупиќ.

„Денеска ќе го одиграме третиот натпревар против Загреб во само 10 дена. Нема да биде лесно, но ќе биде големо финале и дефинитивно нема да ни недостасува мотивација“ – вели Иван Чупиќ.

И Карачиќ и Чупиќ во полуфиналето против Брест постигнаа по три гола.

 

Се вчитува...