Хрватите задоволни од селекторот: Далиќ на клупата на „коцкестите“ и по Мундијалот во 2026 година

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ се очекува да остане на клупата на Хрватска и по завршувањето на Светското првенство во 2026 година, кога му истекува актуелниот договор, јавуваат хрватските медиуми.

Далиќ е селектор на „коцкастите“ од 2017 година, и во моментов важи за еден од оние со најголем стаж на клупата. Освои сребрен медал на Мундијалот во Русија 2018, а четири години подоцна Хрватска со него се закити со бронза.

Хрватска и Далиќ сега се во преговори за продолжување на соработката. Денеска се одржа Собрание во хрватската фудбалска федерација, по што беа соопштени детали.

„Резултатите на Далиќ се темел на се, нешто феноменално работи, и нормално дека нашата желба е да остане“, рече претседателот на ХНС, Маријан Кустиќ.

„Можам да соопштам дека разговараме за нов договор, а кога ќе има нешто конкретно, јавноста ќе биде известена. Од двете страни постои желба за продолжување на соработката, и затоа разговараме на таа тема“, изјави Кустиќ.

Се вчитува...