Историја: Жена ќе го суди финалето меѓу Ѓоковиќ и Беретини на Вимблдон

Хрватската судијка Марија Чичек ќе го суди финалето на годинашното издание на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини. Ова е првпат во историјата на Вимблдон жена да биде главна судијка на еден финален дуел во машка конкуренција.

Чичек е судијка на ВТА и АТП турнирите од 2011 година и во моментов е една од најдобрите тениски арбитри во светот. Претходно во кариерата го судеше женските финалиња на Вимблдон 2014, УС опен 2015, ЛОИ во Рио де Жанеиро 2016.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Беретини ќе се игра утре на Централниот терен на „Ол ингланд клубот“ со почеток 15 часот.

Се вчитува...